×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промовирана книгата „Ојле брада во животинска балада“

    02.10.2014 12:56 | KumanovoNews

    Во Градската библиотека “Тане Георгиевски“ денеска беше промовирана книгата за деца “Ојле брада во животинска балада“ од Трајче Кацаров.

    Промовирана книгата „Ојле брада во животинска балада“

    Се работи за балада која содржи над 1000 стихови и ги едуцира децата како да се однесуваат со животните.

    “Стиховите се најподатливи за брза комуникација со децата, тие се ритмички подредени, имаат рима во себе. Се работи за многу специфична, еколошка приказна, за она што се помалку го има, за тоа каков однос треба да имаат децата со животните.  Како да гледаме на нив, а што тие треба да очекуваат од нас. Преку басни децата ја сфаќаат природата како некое царство“ - изјави авторот.

    Литературниот критичар и промотор Марина Мијаковска вели дека “Ојле брада во животинска балада“ носи силна порака за малите, возрасните и за животот.

    “Темата се однесува за една егзистенцијална човекова дилема. За тоа дали во суштина луѓето се добри или лоши. Преку ликот на детенцето Ојле се дава порака која е доста силна и се однесува на тоа дека луѓето не треба да прават лоши дела, треба да ги сакаат животните и да живеат со нив. Да се грижат за нив и да престане уништувањето, односно искористувањето на животните“ - рече Мијаковска.

    Таа вели дека ретко се среќаваат ваков тип на книги во Македонија и воопшто недостигаат книги за деца.