×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промовирана локалната стратегија за млади

    27.02.2014 15:19 | KumanovoNews

     Локалната стратегија за млади во наредните 5 години предвидува отварање на информативни интернет сајтови за младите, формирање на сектор за млади и основање младинска куќа во центарот на градот.

    Промовирана локалната стратегија за млади

     Со реализација на овие проекти се очекува младите да ја зајакнат соработката со институциите, јавниот сектор и организациите, се со цел да бидат поактивни во општеството и граѓанскиот сектор.

    Оваа стратегија ќе ја искористиме како алатка за донесување добри младински политики, за конкретни активности за подобрување на ситуацијата на младите и поактивно вклучување во општествениот живот. Секоја година акциониот план ќе се ревидира и ќе се донесува нов. Ќе се разгледува што е исполнето, што треба да се дополни и како треба понатаму да се продолжи - изјави Матеј Маневски, претседател на Локален младински совет на денешната промоција на стратегијата.

    Локалната младинска стратегија има поддршка од локалната самоуправа, Агенција за млади и спорт и од меѓународните организации.

    - Поддржуваме хармонична средина помеѓу различните етнички групи како и помеѓу различните политички организации. Мислам дека е добар пристап да им се обратиме на младите и да ги вклучиме во сите наши напори. Целата земја не можеме да ја покриеме со вакви проекти, но во мешани, живи  средини мислам дека е добро да започнеме. Се надевам дека ќе стапиме во контакт со идни лидери и ќе придонесеме за подобра клима тука - рече Ралф Берт од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

    Градоначалникот Зоран Дамјановски на младите им посака успешна работа и истакна дека Куманово е град кој има демографски подем, голем број ученици и млади луѓе.