×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промовирани кандидатите за пратеници на коалицијата на СДСМ во Куманово

    27.06.2020 21:29 | KumanovoNews

    Во Куманово, вечерва беа промовирани кандидатите за пратеници на коалицијата „Можеме”, предводена од СДСМ во Изборната единица 2.

    Промовирани кандидатите за пратеници на коалицијата на СДСМ во Куманово

     Носителот на листата Оливер Спасовски, ја побара довербата на граѓани за да го продолжат патот кој го започнаа пред 3 години, заради извесна сигурност за сите.

    „Таа сигурност ја обезбедивме со макотрпна работа со којашто ја воспоставивме довербата помеѓу нас дома, постигнавме како никогаш досега добри односи со нашите соседи кои се сега наши најдобри пријатели и први лобисти за нашите интеграции, ги зацврстивме пријателствата во регионот, дури и предводник сме како држава во тие процеси и што е најважно, ја поставивме нашата земја на правиот евро-атлантски пат. Денес, по 30-децениски надежи и очекувања, членството во НАТО е реалност. Република Северна Македонија е рамноправна членка во НАТО. Денес, по 15 години од добиениот кандидатски статус за ЕУ, Република Северна Македонија има одлука од Европската унија за почеток на преговорите. Во услови кога решававме стратешки прашања, за да го осигураме членството на нашатадржава во НАТО и во ЕУ, ја покренавме економијата. Ја покачивме минималната плата од 9.000 илјади денари, на 14.500 денари, ја покачивме просечната плата од 22.300 денари на 27.500 денари - месец март 2020 година“,  рече во своето обраќање Спасовски.

    Тој потсети и дека ги покачиле пензиите на 324.000 пензионери, кои од јануари годинава земаат повисока пензија за 722 денара, според него,  најголемо покачување на пензиите во последните 12 години.

    Спасовски истакна дека сработеното досега ги оврзува да продолжат да ја спроведуваат програмата на СДСМ  и во наредните четири години, откако ќе го добијат  мандатот од граѓаните.

    „Додека трае кризата ќе ја задржиме минималната плата на 14.500 денари, а по завршувањето на кризата ќе обезбедиме раст на минималната плата до 40 проценти. Ќе обезбедиме раст на просечната плата до 30 проценти, до крајот на мандатот.Во Програмата на СДСМ, предвидуваме нова мерка за поддршка на младите, поврат на персонален данок за сите нововработени до 29 години, во првите две години.Се обврзуваме на нова повисока минимална пензија - да нема пензионер што ќе зема помалку од 10.700 денари.  Се обврзуваме дека ќе ги поддржиме домашните и странски инвестиции во износ од 600 милиони евра и на износ за странски инвестиции од најмалку една милијарда евра, до крајот на мандатот - инвестиции засновани на иновации и одржливост на бизнисите. Со оглед дека во следните 4 години, до 2024 година, очекуваме да отвориме 80 проценти од поглавјата за интеграција во Европската унија, тоа ќе значи и 2.5 милијарди евра од европските фондови, за нашата држава. Најавуваме брза трансформација и зголемување на конкурентноста на економијата во нашата држава“, рече Спасовски.

    Тој порача ВМРО-ДПМНЕ да не се надева на обнова на режимот, а може да спроведе обнова на својата партија.

    На изборната листа на СДСМ во Втората изборна единица, покрај Спасовски се наоѓаат и Сања Лукаревска, Мухамед Зекири, Даниела Маркоска, Мартин Костовски, Љатифе Шикоска, Бастри Бајрами, Славјанка Петровска, Мирослав Јовановиќ, Дарио Николовски, Ферат Асан, Лидија Тасевска, Зоран Павловски, Санела Шкриељ, Абдула Маровци, ДраганаКоцевска, Иван Марковиќ, Ленче Радосављевиќ, Џељадини Шенаси и Јована Стојчевска.

    „Еве ова е Македонија. Ова е мојот тим. Ова е нашата Република Северна Македонија во мало. Тука, во нашата ИЕ 2, Македонци, Албанци, Срби, Турци, Роми, Власи, Бошњаци, други, со векови живеат заедно во едно општество за сите - концепт што во времето на режимот беше мисловна именка, концепт што во изминатите три години го развиваме и во целата држава и ќе продолжиме да го развиваме, затоа што – тоа е правиот пат и затоа што знаеме, умееме и Moжеме!“, рече Спасовски.

    (С.Н)