×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промовирано списанието „Корени„

    25.11.2013 15:32 | KumanovoNews

    Новиот број на списанието „Корени„, во кое на кумановски дијалект е објавена пиесата „Ленче Кумановче„, викендов беше промовирано пред кумановската публика.

    Промовирано списанието „Корени„

    Списанието го промовираше книжевниот критичар Роберт Алаѓозовски, кој истакна дека постоењето на „Корени„ е од голема важност за културниот амбиент во државата, бидејќи го негува мулти-културализмот и претставува авангарда по концептот на уредување и содржините кои ги објавува.

    Списанието секогаш знаело како да ги надмине локалните рамки и да добие национален карактер. Со давањето простор на автори кои вредат, ова списание е сепфатно и супериорно во уредувачкиот концепт. Знае на своите страници да има толку различни аспекти и толку различни автори, почнувајќи од најмладите до врвните автори во македонската политичка и интелектуална сцена. Мора да се оддаде признание на сериозноста на научниот пристап во содржината. Треба да се радувате што едно такво списание постои во Куманово. Како што оваа вечер го славиме постоењето на Васиљ Иљовски, така еден ден ќе го славиме и постоењето на „Корени„.- рече во своето обраќање Алаѓозовски.

    На промоцијата беа доделени награди на победниците на конкурсот „Мартовски есеи„, а беа прикажани и инсерти од претставата „Ленче Кумановче„, играна 1971 година во кумановскиот театар. Здружение за наука и култура “Парадигма“ му врачи специјална награда на професорот Денко Малевски за неговиот придонес и подршка во досегашната работа.   

    На страниците на списанието, во целосна хармонија се изразуваат, живеат, коегзистираат, комуницираат, се испреплетуваат и се надопонуваат мноштво културни  идентитети. Всушност, „Корени“ ни помага подобро ја разбереме улогата на културата – која премостува јазови на национални поделби, недоразбирања, неразумни  постапки или историски омрази.- рече Малевски, заблагодарувајќи се на домаќините за укажаната чест.

    На промоцијата присуствуваа и кумановските актери Љубица Гојковиќ, Илија Струмениковски, Ѓорѓи Андов, Љупка Варџиска и Љиљана Георгиевска,  кои 1971 година играа во претставата „Ленче Кумановче„.  Настанот беше проследен со богата културно-уметничка програма.