Пронајдена автоматска пушка во возило, приведени двајца мажи
Двајца мажи се приведени вчера попладне откако полицијата пронашла автоматска пушка во автомобил со кој се движеле на локалниот пат меѓу Арачиново и Брњарци, скопско.
Според информациите на МВР, во 16:20 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција ги запреле и лишиле од слобода Ќ.И. (33) од Куманово, кој го управувал возилото „Ауди“, и Е.И. (65) од селото Грушино, кој бил сопатник. При прегледот, во возилото била пронајдена автоматска пушка и рамка за неа.
Двајцата се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за недозволено поседување оружје, по член 396 од Кривичниот законик.








