Пронајдени 600 парчиња пиротехника во Куманово – приведени три лица
Полициски службеници вчера привеле три лица поради нелегална продажба и поседување пиротехнички средства.
Приведени се А.А. (39) и М.В. (21), двајцата од Куманово, како и Е.Џ. (28) од селото Лојане, општина Липково.
„При контрола на тезга кај Зелениот пазар на булеварот „Трета македонска ударна бригада“, сопственост на А.А., биле пронајдени и одземени над 420 парчиња разновидни пиротехнички средства. Во возило „сеат леон“, управувано од М.В. на улицата „11 Октомври“, полицијата пронашла и одзела 32 парчиња пиротехника. Дополнително, при преглед на возило „мазда“ на влезот во Куманово, управувано од Е.Џ., биле пронајдени и одземени околу 150 парчиња пиротехнички средства“, соопшти МВР.
Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 396 од Кривичниот законик.