Прослава на Денот на АРМ во касарната “Боро Менков“
15.08.2013 08:46
| KumanovoNews
По повод 18 август - Денот на АРМ во касарната “Боро Менков“, утре во 10 часот ќе се оддржи пригодна свеченост.

По повод 21 година од формирањето на Армијата на Република Македонија пред споменикот на народниот херој Боро Менков, цвеќе ќе положат делегации од АРМ, Општината Куманово и Сојуз на борци Куманово. Ќе има постројување на припадниците на единиците од гарнизон Куманово и ќе се оддаде почит на загинатите борци и загинатите припадници на АРМ.
На прославата ќе бидат наградени и унапредени најдобрите старешини, а ќе бидат врачени одликувања и награди.