Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општинскиот законодавен дом го сочинуваат 9 професори и учители, 7 лекари, 5 економисти, 4 правника, еден археолог, студент, оптичар, угостители и техничари.
Најголем број од членовите на Советот на Општина Куманово по вокација се просветни работници, а потоа следуваат лекари, економисти и правници. Меѓу советнците има и студенти, вишисти и среднисти.
Повеќето од нив ја работат професијата за која се школувале, но има и такви кои немаат никакви допирни точки со стекнатото образованието.
Од вкупно 33 советника колку што го сочинуваат Советот на Општината, дури девет се просветни работници. Во средните и основни училишта во градот предаваат: Александар Арсиќ, Младен Давидовиќ и Драгица Велковска од СДСМ, Валентина Јовановска од ВМРО-ДПМНЕ, Бесник Мемети од ДПА и Саша Николиќ од ДПСМ. Дипломиран професор по математика е и Драган Петковски од ВМРО-ДПМНЕ, кој има сопствен бизнис, исто како и Фериз Дервиши од ДУИ, кој е дипломиран педагог, а Скендер Алији од ДУИ е албанолог.
Боите на лекарската фела во новиот Совет ги бранат: Снежана Захариева специјалист по анестезија и реанимација и Валентина Мициќ хирург по ОРЛ, двете од СДСМ, Сунчица Јосифова од НСДП инфектолог, Бобан Јакимовиќ од ДПСМ стоматолог, Христина Краиновиќ од ВМРО-ДПМНЕ е општ лекар, Ридван Асани од ДУИ стоматолог и Драги Караџински од група избирачи, невролог.
Економисти се Зоран Маневски од НСДП, Оливер Стојмановски од , Влора Имери од ДУИ, Мирослав Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ и Зенун Исмали од НД.
Правници се Максим Димитриевски и Бранко Бојковски од СДСМ, Златка Божиновска од ВМРО-ДПМНЕ и Душица Сеизовска-Јовановиќ од група избирачи.
Меѓу советниците има еден археолог Јовица Станковски од ВМРО-ДПМНЕ, геодетски техничар Тони Трајковски од ТМОРО-ВЕП, оптичар е Александар Петров од ВМРО-НП, со виша школа за трговија и угостителство е Ивица Костовски од ЛДП, виша школа за организирање и контрола во работа има завршено Борислав Додевски од СПМ, средно фискултурно училиште Ашмет Османовски од СРМ и Фитор Сефери од ДПА е со средно економско.
Најмлада меѓу советниците е Ивана Арсеновска од ВМРО-ДПМНЕ која студира веб дизајн.
И останатите советници кои се со средно образование велат дека го дооформувааат своето образование во високо.