Просветните работници дебатираа за проблемите во образованието
Професори и ученици денеска дебатираа за проблемите во образовниот процес во Македонија, на дебатата „Заслужуваме подобро образование!”, организирана од здруженијата Центар за меѓуетничка толеранција и бегалци и Просветни работници Македонија.

Беше кажано дека проблеми има во основното, средното и високото образование. Во основното образование децата работат по Кембриџ програмата која не дава резултати, туку само ги оптоварува децата, а во средно образование учениците се оптоварени со голем број на часови и учебници кои би требало да бидат адаптирани за нивната возраст.
Темата е малку провокативно дадена, квалитетот што се слуша, а не се гледа. Дебатираме просветни работници, ученици и заинтересирани родители за подобрување на квалитетот на образованието во Република Македонија. Циклусот на дебати, 5 дебати кои ги организиравме се завршен дел од едно подолго истражување. Од јули минатата работиме на истражувања за подобрување на квалитетот на образованието. Кон крајот на март ќе излеземе со некои конечни резултати кои ќе ги преточиме во еден документ, кој ќе значи инкорпорирање на сите добри предлози во идните закони за основно и средно“-изјави Владо Димовски од Центар за меѓуетничка толеранција и бегалци.
Елизабета Секирарска, професор по економска група предмети во „Перо Наков“ вели дека на дебатата имаа можност да зборуваат за работите кои пречат во нивната фела, да се види дали некои реформи ги дадоа посакуваните ефекти и што реално се случува со образованието.
Целта е да се предизвика дискусија, да се извлечат заклучоци, да се дадат предлози како да се излезе од лавиринтите во кои образованието веќе некое време е заглавено. Да разговараме за случувањата во секое образовно ниво посебно и што е она што заедно ги врзува сите нив“-кажа Секирарска.
Сања Богатиновска од ЏЕФ Македонија вели дека идејата е да се слушнат различни идеи и мислења.
Ова е една тема која претпрпе голем број на интервенции, но за резултатот како што кажа насловот слушаме, но не го гледаме. Серијалот продолжува - рече Богатиновска.
На оваа тема се дебатираше и ќе се дебатира во градовите низ Македонија.