×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Протест на жителите на Лопате – не дозволуваат камиони на приватна фирма да им го уништуваат патот (видео)

    01.07.2025 15:39 | KumanovoNews

    Жителите на Лопате денеска го блокираа влезот на селото и не дозволија да поминуваат камиони на приватна фирма која гради фотоволтаици, бидејќи им го уништува патот.

    Тие бараат фирмата да најде друг пристап до градилиштето, или да се договори со месната заедница по завршувањето на работата да го поправи патот и да го доведе во првобитна положба. Истовремено ја повикуваат Општина Куманово да им помогне во решање на проблемот.

    Претседателот на месната заедница Лопате, Бејтула Тефику, вели дека жителите се одлучиле на ваков чекор затоа што патот е доста лоша состојба, а тешките камиони дополнително го оштетиле, поради што е доведено во прашање безбедноста на фекалната канализација и сообраќајот во селото. 

    „Се договоривме од први јули патот да биде блокиран патот за оние фирми кои поставуваат панели за производство на електрична енергија во атарот на селото Лопате. Ги известивме сите фирми кои се вклучени во оваа работа и МВР. Затоа денеска излеговме, и понатаму патот ќе биде блокиран за нив. Ние не ги попречуваме да работата, ама не може да се движат со големи камиони низ селото. Имаме само едно барање да го поправат патот каде што има асфалт, за селскиот пат што е со тампон немаме забелешки. Патот е со должина од 4-5 километри, а треба да се поправи околу 2 километри “, вели Тефику.

    Месната заедница на 24 јуни одржала состанок со жителите,  при што сите биле едногласни во одлуката да се блокира патот.

    „Ова што се прави во селото е срамота. Ние со крв го изградевме овој пат, носевме песок да го направиме, потоа издејствуваме и асфалт. Гледате ли колку е патот пропаднат, деца на училиште не можат да поминат од вода, 30 сантиметри  вода лежи, а погоре е целосно уништен. Кој му даде дозвола тука да гради. Најубавата земја од која градот се хранеше сега е уништена“, вели  Миодраг Крстевски (75) од Лопате.

    Жителите велат дека нема да отстапат од своите барања до целосно решавање на проблемот.

    Протест на жителите на Лопате – не дозволуваат камиони на приватна фирма да им го уништуваат патот (видео)