×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Протест против аерозагадувањето - „Куманово се гуши“

    10.12.2019 08:57 | KumanovoNews

    Граѓанската иницијатива „Македонија се гуши“, во недела во 5 до 12, пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“,  организира протест поради големото загадување во Куманово.

    Протест против аерозагадувањето - „Куманово се гуши“

    Под мотот „Куманово се гуши“, организаторите ги повикуваат граѓаните масовно да излезат на протестот и да го изразат своето незадоволство од состојбата со аерозагадувањето во градот.

    „Ова е граѓански крик, повик да излезеш и ти и да побараш ЗДИВ за себе и своите најблиски. Биравме политичари кои нудеа решенија, меѓу другото, токму и за овој проблем - чист воздух и сега бараме испорака на ветеното. Бараме да изнајдат и преземат мерки, зашто токму за тоа ги плаќаме. Бираме живот, не бавна смрт. Затоа дојди и ти за заедно да покажеме дека ЗДРАВЈЕТО ни е најважно“, - соопштуваат организаротите.

    Куманово последната недела е на врвот на загадените градови, со десетпати поголема концентрација на ПМ10 честичките од дозволеното.