×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Противпожарната единица во Куманово лани интрвенирала во 359 случаи

    23.01.2023 10:56 | Оливера Пешевска

    Во текот на 2022 година кумановските пожарникари имале вкупно 359 интервенции, што е за околу 35% помалку во однос на претходната 2021, кога се регистрирани дури 549 противпожарни акции.

    Противпожарната единица во Куманово лани интрвенирала во 359 случаи

    Од Противпожарната единица во Куманово велат дека големата бројка на опожарувања се должи главно на бројните шумски пожари. Тие најчесто се случуваат во текот на летните месеци, кога имаат и по повеќе интервенции дневно и тоа, пред се, на отворен простор.

    „Најмногу бевме ангажирани на гаснење на пожари на отворено и тоа во 141 случај, имавме интервенција на 90 пожари на објекти, 30 во сообраќајни несреќи и како останато се води 81 случај. Во вкупната бројка се впишуваат и 16 технички интервенции и една асистенција на пожар на повик на колегите од Тетово“, изјави вели Деан Илиевски, командир на ТППЕ Куманово. 

    Но, пожарникарите имаат работа и во текот на зимскиот период, па така од почетокот на годината регистрирани се дваесетина интервенции.

     Противпожарната единица Куманово ја покрива и Општина Липково, а по потреба помага и во општината Старо Нагоричане, која има своја противпожарна служба.