Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денеска се пушта во употреба платформата „Дома си е дома“ со која почнува реализацијата на мерката за издавање на ваучери за домашен туризам.
Конечната листа е објавена на веб-страницата domasiedoma.gov.mk на која граѓаните можат да проверат дали ќе добијат ваучери за туризам во вредност од 6.000 денари.
Добиените средства ќе можат да ги искористат во домашните туристички капацитети во периодот од 15 јули до 15 декември годинава.
На листата на граѓани кои имаат право на ваучер за домашен туризам според Уредбата, се сите вработени граѓани кои имаат приходи кои не надминуваат 15.000 денари месечно, односно вработените граѓани кои во периодот од јануари до април 2020 година не оствариле приходи повисоки од 60.000 денари по основ на нето плата и надоместоци.
За да проверите дали сте добитник на ваучер за туризам, одете на страницата domasiedoma.gov.mk. Потоа внесете го вашиот ЕМБГ за да извршите проверка и доколку податоците се точни кликнете „пребарај“.