Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Регистриран е првиот случај на заразен со коронавирус на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Се работи за 50-годишна жена од Скопје, која еден месец месец била во посета на роднини во Италија и ноќеска влегла на граничниот премин Табановце.
- Пациентката е позитивна за вирусот Ковид-19. Нема простор за паника. Епидемиолошките анализи укажаа дека таа веќе еден месец била во Италија. Веќе две недели е болна и иницијално се третирала во Италија, но таму не била тестирана за коронавирус и директно се упатила кон Инфективната клиника во Скопје откако пристигнала. Не претставувала опасност да ја пренесе болеста, изјави министерот за здравстви Филипче на прес конференција во Владата.
Министерот побара од газдите на фирмите кои имаат работници кои патувале во Италија, да им дозволат да не доаѓаат на работа туку да работат од дома во период од 14 дена, колку што трае периодот на инкубација.
Премиерот Оливер Спасовски и епидемиологот Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје, рекоа дека нема место за паника и да се почитуваат насоките на здравствените работници.