Прва крводарителска акција во Старо Нагоричане
17.11.2014 09:50
| KumanovoNews
Во просториите на општина Старо Нагоричане, утре ќе се одржи крводарителска акција.

Вработените ќе даруваат крв од 10 до 13 часот и се очекува да бидат собрани 20 крвни единици. Црвен Крст Куманово за прв пат организира крводарителска акција во Старо Нагоричане, на иницијатива на општината.