Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Децата од градинката “Синоличка“ денеска го посетија основното училиште “11 Октомври„ и заедно со првачињата цртаа по повод Недела на детето и патронатот на училиштето.
Ние сме долгогодишни пријатели и соработуваме со нив. Секоја година по повод детска недела доаѓаат во посета кај нас за да се запознаат со нашето училиште, да се дружиме. Се собравме првооделенчињата со одговорните наставници, јас и Николина Манојловска. Оваа година имавме повеќе активности, почнавме со посета на градоначалник, имавме игри без граници во одделенска настава - вели Зорица Јакимовска, одделенски наставник.
Тие цртаа на тема “Со насмевка можеш ...“, а цртежите ќе бидат изложени во холот на училиштата.