×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање
  • Политички маркетинг

  • Прво место на меѓународен натпревар во берберство за Јован Додевски од Куманово

    26.10.2025 12:27 | KumanovoNews

    Шеснаесетгодишниот Јован Додевски од „DODE BARBER STUDIO“ во Куманово освои прво место на Меѓународен натпревар по берберство што минатата недела се одржа во Анталија, Турција.

    Прво место на меѓународен натпревар во берберство за Јован Додевски од Куманово

     На натпреварот учествуваа бербери од цел свет, а младиот мајстор со својата умешност, прецизност и креативност покажа дека годините не се пречка кога постојат талент, дисциплина и љубов кон работата.

    Јован вели дека победата му значи многу, а успехот го прави горд, бидејќи успеал да се претстави рамо до рамо со најдобрите бербери во светот.

    „Првпат се натпреварувам и не знаев каде се моите можности во однос на другите натпреварувачи во изработката на машки фризури. Работев посветено и концентрирано, и успехот беше неминовен. Искрено, бев изненаден и не очекував дека ќе ја добијам првата награда, но ова е уште една потврда дека младите треба да веруваат во своите соништа – тие се остваруваат кога работиш со срце,“ вели Јован.

    Неговиот успех не е случајност – туку резултат на посветено вежбање, страст кон професијата и желба да биде подобар секој нареден ден. Од ученик до шампион – ова е само почеток на една успешна приказна.

    Најмладиот активен бербер во Македонија допрва ќе го гради својот професионален пат, но со трудот, посветеноста и волјата која ја има, веќе покажува дека граници постојат само за оние што не се осмелуваат да сонуваат.