Мени

Пукал пред средно училиште па побегнал

03.03.2016 12:59 | KumanovoNews

Непознато лице вчера пукало пред средно училиште во Липково, по што побегнало.

Пукал пред средно училиште па побегнал

С.А.(45) од с.Липково, пријавил во полициската станица Матејче, дека во дворот на СОУ „Исмет Јашари” во с.Липково бил пронајден испукан проектил од непознато огнено оружје. Додека С.А., имал час , околу 14.30 часот слушнал неколку истрели по што излегол надвор и во дворот непосредно пред влезот од спортската сала го забележал проектилот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.