×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пукал во балдазата затоа што му се мешала во брак

    21.07.2011 14:05 | KumanovoNews

     Гоце Л.(34) од селото Оризаре Кочанско, пукал во сестрата на својата сопруга Светлана Рашева затоа што сметал дека таа е виновна што сопругата го напуштила.

    Пукал во балдазата затоа што му се мешала во брак

     Според полицијата ннцидентот се случил вчера околу 17 часот, кога зетот пристигнал во домот на Светлана за да се види и да поразговара со неговата сопруга Д.Л..  Тогаш започнала расправија меѓу  него и Светлана, при што тој во еден момент ја фатил за косата, по што од појасот извадил пиштол и испукал два куршуми во главата. Незиниот сопруг се нафрлил врз баџанакот со цел да го оттргне од Светлана, а Гоце извадил нож, по што побегнал од куќата.  Повредената жена била пренесена во кумановската болница, од каде поради сериозноста на повредите била префрлена во Ургентен центар – Скопје. Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Куманово, при што подигнати се неиспукани куршуми, две чаури, еден нож, траги слични на крв, заби и делови од вилична коска, кои се доставени на вештачење. Гоце утринава бил пронајден и приведен во Кочани.  СВР-Куманово превзема мерки за целосно расчистување на случајот.