×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пуштен во употреба мостот кај Башкими

    24.09.2015 10:51 | KumanovoNews

    Со сечење на црвена лента, жителите од месната заедница Јоско Илиевски денеска го пуштија во употреба реконструираниот мост кај Башкими, кој беше разурнат во поплавите пред 8 месеци.

    Пуштен во употреба мостот кај Башкими

    Со помош на активисти на “Беса“ и донатори, мостот е обновен и преку него граѓаните побрзо ќе можат да стигнат до центарот на градот, без да се движат по заобиколен пат.

    Работевме макотрпно и го изградивме овој мост, кој не чинеше околу 23.000 евра. Мостот го изградивме за 15 дена. Ги забрзавме работите плашејќи се од невремето. Ние сме задоволни и направивме еден добар пример за оваа општина, во која што мостот симболизира соживот на овие граѓани. Осум месеци се соочувавме со големи потешкотии. Имавме големи проблеми, децата да не паднат, да не дојде до несреќа“-вели Аслан Фазлиу, претседател на месна заедница Јоско Илиевски.

    Мостот ќе го користат 1000 жители на оваа месна заедница.