Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во селото Кшање денеска беше предадена во употреба новата казнено поправна установа од полуотворен вид.
Затворот е со површина од над 5000 метри квадратни и капацитет од 250 затвореника. За изградба на затворот потрошени се 234 милиони денари, а започна да се гради во 2008 година. Затворот располага со амбуланта, кујна, трпезарија и перална, работилници и едукативен центар, отворени спортски терени, теретани, матично служба, посебна просторија за видување на осудените лица со партнерите и друго. Во затворсите простории е вграден современ систем за контрола и видео надзор на затворениците. Првите затвореници во КПД Куманово ќе бидат сместени на почетокот на наредниот месец.
Лентата ја пресече премиерот Никола Груевски, кој истакна дека во последните 6-7 години владата вложила многу во подобрувањето на условите во затворите и ги реновирала уставовите во Прилеп, Штип, Струмица, Струга, Гевгелија, Скопје, Куманово, а најави изградба на комплетно нови објекти во Идризово, Тетово и Скопје.
Во состав на затворот Куманово ќе функционите и отвореното одделение во Крива Паланка.