Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Министерот за економија Ваљон Сарачини денеска ја пушти во употреба новата трафостаница во месноста Слупчански бунари.
Инвестицијата вреди 100 илјади евра, а министерот нагласи дека со нејзиното поставување ќе се оствари повеќегодишното барање на жителите и локалните стопанственици да добијат квалитетно напојување со електрична енергија.
Овој момент се чекаше цели 15 години и конечно со мое лично залагање и со залагање на градоначалникот на Липково успеавме да стапиме во контакт со компанијата ЕВН Македонија која ни излезе во пресрет и инвестираше околу 6 милиони денари што е од големо значење не само за Оризаре, туку и пошироко, Опаје, Липково, и другите села во околината. Сигурно во иднина ќе значи сигурно снабдување со електрична енергија, а тоа граѓаните досега го немаа - изјави Сарачини.
Според него жителите на овие села ќе имаат заштеда на енергија во однос на фактурите кои досега ги плаќале.
Целокупната инвестиција е околу 100.000 евра што опфаќа изградба на трафостаница со капацитет од 400 киловатампери, што ќе овозможи квалитетно снабдување на потрошувачите во овој дел, како и натамошен развој на стопанството во овој регион. ЕВН и натаму ќе вложува во дистрибутивната мрежа за новите потрошувачи - рече Лирим Сулејмани, раководител на КЕЦ Куманово.
На настанот присуствуваше и градоначалникот на Липково, Садула Дураку која се заблагодари на ЕВН Македонија за подигнувањето нова трафостаница во Слупчане.