×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пуштени во употреба реновираните простории во Здравствен дом и Брза помош во Куманово

    16.11.2023 20:54 | Оливера Пешевска

    Реновираните простории на вакциналниот пункт за деца во Здравствен дом и просториите на Брза помош во Куманово денеска беа пуштени во употреба. На свеченоста присуствуваше министерот за здравство Фатмир Меџити.
                

    Пуштени во употреба реновираните простории во Здравствен дом и Брза помош во Куманово

    „Извршена е замена на прозорци, монтажа на централно греење, опремени се со нов мебел Брзата Помош и Детскиот оддел, ноќната стоматолошката амбуланта има нови работни столови. Заменети се покривите на амбулантата ,,Тоде Мендол". Здравствениот дом Куманово доби и нови апарати за ЕКГ, аудиометар и апарат за офталмолошки скрининг, наменет за кандидати за возачки дозволи,  вработувања, едукација и систематски прегледи. Драго ми е што сега во Куманово здравствените работници ќе имаат подобри услови работа, а пациентите, освен врвна медицинска услуга ќе имаат чувство за достоинство и удобност“, истакна министерот Меџити, кој единствен зборуваше и на македонски јазик.

    Директорот на Фарук Алили кажа дека реконструкцијата траела една година, а инвестицијата е над 11,3 милиони денари, сопствени средства на Здравствен дом Куманово.

    На свеченоста дојдоа функцинерите на ДУИ Али Ахмети, Артан Груби, Арбер Адеми, кои се обратија на присутните гости, вработените и граѓаните, без превод на македонски.