Работна средба за аплицирање за земјоделски проекти
01.07.2013 10:52
| KumanovoNews
Во кружната сала во Комитет утре со почеток во 10.30 часот, ќе се оддржи работна средба за сите субјекти кои сакаат да аплицираат за добивање на средства за проекти за развој на земјоделството и рурален развој.

Настанот го организира Општина Куманово, поточно Секторот за администрирање на приходи, стратешко планирање, ЛЕР и ИТ, и одделението за заштита на животна средина во соработка со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и рурален развој.