Работник паднал од скеле
Несреќата се случила во 13 часот додека В.К. работел на бетонирање на армирано бетонско платно,кога паднал од дрвено скеле високо околу 3 метри.

В.К.(53) од Штип вчера при изведување на градежни работи на стамбена зграда на булеварот„Октомвриска Револуција“ паднал и се здобил со тешки повреди. Несреќата се случила во 13 часот додека В.К. работел на бетонирање на армирано бетонско платно,кога паднал од дрвено скеле високо околу 3 метри. При падот на земјена површина се здобил со тешка телесна повреда - фрактура на левата потколеница. Повредениот е пренесен во Општа болница – Куманово каде му била укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредата е пренесен и задржан на лекување во Ургентен центар – Скопје. В.К. е вработен во ГТД„Бетон Штип“ АД-Штип.