×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Рак на дојка се почесто кај младите жени

    25.03.2014 11:19 | KumanovoNews

     Ракот на дојка се почесто се дијагностицира кај жени на возраст од 35 до 40 години, тврдат лекарите.

    Рак на дојка се почесто кај младите жени

    Точната бројка на заболени жени во градот не може да се утврди, бидејќи  пациентките ги откриваат матичните лекари, гинеколозите, радиолозите или хирурзите, но сите велат дека таа не е мала. 

    Зачестена е болеста и веќе нема некој биолошки таргет. Кога ќе почне хормоналното зреење од детството па се до старост жените се во ризик група. Секоја жена откако ќе добие матичен гинеколог треба да го следи гинеколошкиот календар на прегледи. 70 отсто од вкупниот број на малигни заболувања се јавуваат нај репродуктивните органи што е голема бројка - вели Ристо Келешов, матичен гинеколог.

    Како превентива, лекарите препорачуваат најмалку еднаш годишно жените да одат на преглед, а најповолен период за да се направи прегледот е 12 - от ден од циклусот.

     Треба да се даде приоритет и превентива на младата популација. Порано на 500 жени се појавуваше кај една, а сега е малку почесто. Подобро да се спречи отколку да се лечи. Самата жена пред огледало во легната положба треба да си направи самопреглед. Ако има тврдини, згрутчувања треба да се упати на гинеоколог кој ќе и направи палпација - вели Нисо Тасев, началник на гинеколошко - акушерско одделение во Општа болница Куманово.

    Според податоци кои ги соопшти невладината “Борка“ на ниво на држава ракот на дојката е во пораст, а во 2012 година имало 1.152 нови заболени и 431 починати жени.