Ракија запленета на Табановце
24.08.2015 13:17
| KumanovoNews
Минатата недела се запленети 84 литри домашна ракија на граничниот премин Табановце.

Ракијата била во 56 пластични шишиња од по 1,5 литри, откриени при контрола на празен камион со македонски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за излез од државата на Табановце автопат. Непријавената ракија е пронајдена под долниот кревет, во кабината на камионот.
Ракијата е привремено одземена, а против сторителот е поведена соодветна постапка за сторениот прекршок.