Рамазан Бајрам неработен за сите граѓани
05.08.2013 10:05
| KumanovoNews
8 Август, четврток, првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека ова е согласно со Законот за празниците на Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од муслиманска вероисповед им го честита Рамазан Бајрам.