×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Рамо до рамо до победа“ во Куманово: Никој нема да го попречи европскиот пат на државата

    26.05.2023 11:06 | KumanovoNews

    Како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ вчера заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска и Оливер Спасовски беа меѓу граѓаните на општина Куманово.

    „Рамо до рамо до победа“ во Куманово: Никој нема да го попречи европскиот пат на државата

    „Со одговорните политики на СДСМ државата ја вративме на вистинскиот колосек, станавме членка на НАТО и по цели 17 години во чекалната конечно ги започнавме преговорите со ЕУ, на македонски јазик и со потврден македонски идентитет. Сега кога пред нас е важен реформи процес за европската иднина, одново гледаме блокади одново гледаме немање конкретен став од страна на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои декларативно се залагаат за членство во ЕУ, а во реалноста по секоја цена се обидуваат да го загрозат европскиот пат. Доказ за тоа се и последните небулози што Мицкоски ги шири за наводно редефинирање на државата, но и тој и ВМРО-ДПМНЕ треба да бидат свесни дека нивните небулози нивните деструкции одново ќе бидат поразени“, порача Лукаревска.

    Оливер Спасовски потсети дека пласирањето лаги со цел да се плаши и дели јавноста е многу пати виден метод на ВМРО-ДПМНЕ со кој се обидува да наштети на државните и националните интереси.

    „Истите тие што лажеа дека ќе има федерализација и кантонизација, што лажеа дека ќе се населувале мигранти и овде во Куманово но и во други градови, што лажеа дека ќе се загрозел македонскиот јазик, дека ќе сме се бугаризирале, денес шират лаги за наводно редефинирање на државата. Сите тие нивни лаги пропаднаа, а од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не собраа храброст ниту да се извинат. Исто ќе биде и за оваа последна лага што ќе пропадне, а Македонија ќе продолжи по европскиот пат, но ќе биде запаметено дека Мицкоски како заложник на Левица и Апасиев дејствувал на штета на државните и националните интереси“, истакна Спасовски.