×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Рано е за отворање на аеродромите, прво ќе дискутираме за сувоземните премини, кажа Филипче

    17.06.2020 18:53 | KumanovoNews

    Сметаме дека се` уште е рано за отворање на аеродромите, но за тоа ќе дискутираме за време на викенд, кажа министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

    Рано е за отворање на аеродромите, прво ќе дискутираме за сувоземните премини, кажа Филипче

    „Сметаме дека се` уште е рано. Прво што ќе дискутираме е отварањето на граничните сувоземни премини, секако во координација со околните земји. Мора да потенцирам и мислам дека тоа е многу битно затоа што мора да се анализира епидемиолошката состојба во околните земји, не само бројката туку и пристапот како работат во идентификувањето на контактите. Не може да ја гледаме само бројката на новодијагностицирани случаи. Има многу параметри, колку од нив се за во болница, колку се асимптоматски, што укажува на тоа како пристапуваат. Тоа е еден сериозен параметар, ќе го дискутираме за време на викендот“, рече министерот за здравство Венко Филипче.

    Аеродромот во Скопје беше затворен на 18 март, откако два дена пред тоа беа затворени сите гранични премини за влез и излез во државата, како една од мерките за спречување на ширењето на коронавирусот.

    Граничните премини за влез во држава се отворени од вчера, а секој што ќе сака да влезе во државава, ќе мора да приложи валиден негативен ПЦР-тест, не постар од 72 часа и да седи во самоизолација 14 дена.