Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По повод Месецот на книгата, градската библиотека “Тане Георгиевски“ распиша ликовен и литературен конкурс за основци и средношколци.
Темата е “Книгата што ја имам во раце“, а учениците се до 15 октомври можат да учествуваат со состави, поезија, убави мисли, цртежи инспирирани од книгата.
За поетските творби ќе има 1,2,3 наградени во категорија основци и средношколци, додека за состави и ликовни творби ќе има едно 1, две 2 и три 3 места посебно за основци и посебно за средношколци.
Во рамки на одбележување на Месецот на книгата на 15 октомври ќе се оддржи натпреварот за млади библиотекари, а победникот од општинскиот ќе оди на републички натпревар кој ќе се оддржи кон крајот на октомври во Неготино.
Месецот на книгата трае од 15 октомври до 15 ноември.