Распишан литературен конкурс за учениците
13.09.2013 12:50
| KumanovoNews
Душтвото на писатели Куманово распиша конкурс за учениците од основните и средните училишта во градот.

Темите за средношколците се “Рака кон другиот“ и “Тајни на сонот“, а за основците “Кој сум јас“ и “Другарството на дело“.
Обично пишуваат учениците поезија, но ако има некој афинитети кон проза може да прати и расказ. Песните не треба да бидат подолги од 35 реда, а расказите да не бидат подолги од а4 формат. Најдобрите ќе добијат дипломи и книги - рече Божана Трајковска, претседател на Друштво на писатели Куманово.
Творбите треба да се испратат до Друштвото на писатели најдоцна до 4 октомври.