Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Распишан е националниот конкурс за есеи на тема “Зошто е важно да се зборува втор јазик?“ и на него можат да учествуваат ученици од 7 и 8 одделение и од 1 до 4 година.
Во есејот учениците треба да објаснат кои се предностите од говорење и разбирање на повеќе странски јазици и дали за остварување на некој нивен сон треба да се познаваат јазици.
Од Министерството за образование појаснуваат дека есеите треба да содржат од 350 до 500 збора и да се достават до крајот на месецов. Победниците ќе се знаат во февруари. Регионалните победници ќе добијат дипломи, а националните победници ќе учествуваат на церемонија за доделување на награди.
Повеќе информации за конкурсот заинтересираните можат да побараат на [email protected].