Разбојници ограбиле 85-годишен кумановец
02.07.2025 13:28
| KumanovoNews
Полицијата привела двајца кумановци, едниот малолетен, поради тоа што вчера нападнале и одзеле пари од 85-годишен сограѓанин.

„Во 19.00 часот полициски службеници ги лишиле од слобода М.И. (33) и еден малолетник, затоа што на улицата „Перо Тошев“ во Куманово го нападнале С.И. (85) и му одзеле пари. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава“, соопшти МВР.