×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Размислување на глас: Патриотски Патрдии

    02.12.2010 00:10 | KumanovoNews

    Колку повеќе ги запознавам човековите глупости, толку посилно сакам да се дружам со животните...

    Размислување на глас: Патриотски Патрдии

    Таман си помислив дека поминавме една бурна недела, кога во медиумите се емитуваше новата серија (само во неа не паѓаа лисјата, туку слободата), но нејсе...

    Денес гледам млади луѓе пред Центарот за социјални работи, тука кај нас во Куманово-избркани од работа. Се жалат, изнервирани, револтирани и во право се. Ја губат својата егзистенција, го губат своето право на работа. Да бидам искрен отпуштањето не ме изненади, не е прв пат на некого од Големата Партија да му текне да се поигрува со судбината на луѓето. Tоа убаво го почувствуваа наставниците, професорите, учителите во градовите во кои таа партија е на власт. Но, отпуштаните секогаш беа, или биле членови и симпатизери на СДСМ. Но, нека...имаат професорите храброст и одважноста – да простат. Па така и ова отпуштање можеби ќе поминеше во стилот „кучињата си лаат карванот си врви„ - кога едно лице од избрканите од работа (пред новинарите) откри дека се членови на Големата Партија и плаќале по 600 денари членарина месечно. Па, до каде стасаа луѓето. Па, барем „своите„ не си ги чепкаа – си велам, ама тоа ти е пионите најлесно се жртвуваат. Нема друго - партијата шах (или национално владеење), или е при крај, или веќе е изгубена.

    Да биде иронијата поголема, ова ни се случува во Центарот за социјални работи. Ова треба да е институција која би требало да дава социјална сигурност, пред се поддршка на најзагрозената категорија луѓе, а тие се занимаваат со лични кадровски решенија, (па добро де и некој од ново - вработените мора да е ќерка на некого – нели?). Да се разбереме социјална заштита на населението не е само делење бедни 2000 денари месечно. Таа е многу повеќе, многу... Пред се е делење на човечност, на хуманост...давање на каква - таква надеж, топол збор.. И пак сум збунет... Една државна службеничка со невидена ароганција, да не кажам дрскост изјави дека не давала изјава за А1. Не дава изјава – не дава, добро. Ама ако така се однесува со јавноста која има право да ЗНАЕ,  како ли им се обраќа на барателите на правото за остварување социјална помош – страв ми е да замислам.

    И трета слика. Еден господин, со сета сериозност и авторитетот што го поседува, вели дека не се занимава со кадровски решенија. Да! – мора да е така, сигурно лекарите имаат попаметна работа, на пример спасување на човечки животи, од „местење„ на државни чиновници... ама, нели  живееме во Македонија?

    Слаѓан Спасовски
    зам.портпарол на ОО на
    СДСМ