×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Развој на Северо-источниот регион со транзитен туризам

    22.10.2010 14:02 | KumanovoNews

    Претставниците на Северо-источниот плански регион денеска во Куманово расправаа како да создадат услови за отварање на угостителски објекти, пред се хотели, мотели и други спортско-рекреативни центри покрај коридорите 8 и 10 за да ги опслужат и задржат туристите кои доаѓаат во нашата држава.

    Развој на Северо-источниот регион со транзитен туризам

     На средбата присуствуваа луѓе од бизнис-заедницата, локалните самоуправи, невладините организации, туристичките агенции кои со свои сугестии и предлози даваат двој придонес за развој на туризмот во регионот.

    Ние како регион сакаме заеднички да делуваме во поглед на зголемувањето на капацитетите и создавање неопходни услови за развој на туризмот, особено на руралниот кој е интересен за гостите од странство. Според нашите истражувања, туристите во најголем дел се транзитни, поминуваат низ Македонија ги посетуваат поважните културни споменици и продолжуваат кон Грција или Турција. Ние планираме со сите релевантни фактори да направиме стратегија во која преку проекти со помалку финасиски средства, да постигнеме поголеми ефекти за подобрување и на климата и на инфраструктурата која е една од најважните во овој регион - изјави Младен Протиќ, раководител на центарот за развој на сверо-источниот плански регион.

    По завршувањето на серијата трибини ќе се одржи финален  состанок на кој ќе бидат присутни градоначалниците на шестте Општини , Куманово, Кратово, Крива Паланка,Ранковце, Старо Нагоричане и Липково и ќе бидат презентирани заклучоците од одржаните работилници.