×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Реакција на стопанственикот Бобан Спасовски на изјавата на градоначалникот Димитриевски

    03.05.2023 13:02 | KumanovoNews

    Стопанственикот Бобан Спасовски од Куманово, денеска до медиумите достави реакција на вчерашната изјава на градоначалникот Максим Димитриевски, во врска со обвинувањата за злоупотреба на функцијата.

    Реакција на стопанственикот Бобан Спасовски на изјавата на градоначалникот  Димитриевски

    Реакцијата на Спасовски ја пренесуваме во целост:  

    1. Од многуте лаги кои кметот ги изнесе, најлесно може да се демантира изјавата дека со мене никогаш нема пиено кафе. Јас не знам како да го потсетам дека имаме испиено повеќе кафиња, заедно сме оделе и на ручек, сме биле гости еден кај друг во викендиците. Ако во иднина повторно изјави дека не се сеќава на мене ќе објавам заедничка фотографија - која зборува за едни други времиња и тогаш ќе се потсети. 

    2. Во целост се согласувам со кметот дека судските органи треба  да постапат и да ги разјаснат сите обвинувања, како што тој вели,  кои јас ги кажав во емисијата СТАВ на ТВ Плус, меѓутоа човекот не ги извршува одлуките на највисоките судови, па поради брзо разјаснување го повикувам на заедничка емисија да дискутираме за изречените невистини од моја страна, па и за други работи, кои се од интерес на граѓаните. Судот на граѓаните е најважен !!!

    3. Во интерес на вистината ја повикувам претседателката на Советот да ме покани на седницата како заинтересирана страна, на која кметот ќе образложува за целокупната постапка, да можам и јас да ги изнесам сите докази што ги имам. И на тој начин ако е вистината најбитна да дадеме можност граѓаните да ја дознаат . 
        
    4. Доколку мојата компанија и компанијата на мојот партнер се навистина градежна мафија која многу често популистички ја истакнувате, зошто Вие како совесен и чесен кмет не потпишете лично дека го одбивате  нашето барање за издавање на дозвола? Во интерес на вистината нема ни еден потпис до сега од кметот во постапката, туку вечно се криете зад советот, јавните претпријатија и  гимназијата ....ги жртвува вработените и назначените функционери. 

    5. За крај, сепак би сакал да му оддадам и едно признание на  кметот - популистичките говори и забавеното зборување со кое се обидува да наликува на успешни политичари од регионот му се прилично добро испраксирани. Го замолувам со истиот тој тон или доколку му е полесно во писмена форма да ми одговори на поставените прашања од емисијата која ќе најде време да ја догледа , како граѓанин имам право да ги знам одговорите.
     
    Ќе следат и нови прашања, граѓаните мора да ја знаат вистината.

    Со почит,
    Бобан Спасовски,
    стопанственик