Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Голем е одзивот на граѓани на крводарителската акција што ја организира Општинскиот црвен крст во центарот за култура во Куманово.
Над сто дарувања на крв имало до 15 часот, а акцијата ќе трае до 16 часот.
За вонредни крводарителски акции во летнот период има многу поголема потреба, од причина што во лето луѓето се многу поактивни и и се случуваат повеќе повреди- вели Иле Митковски секретар на општинската организација.
Сите крводарители што ќе учествуваат во акцијата ќе замината на еднодневна екскурзија во Дојран што за крводарителите се организира трета година по ред.
Од општинскиот црвен крст најавуваат уште една летна крводарителска акција во август.