Регионален натпревар по математика
30.03.2012 11:30
| KumanovoNews
Во основното училиште „Христијан Карпош„ утре ќе се одржи регионален натпревар по математика.

На натпреварувањето ќе учествуваат ученици од четврто до осмо одделение од општините Куманово, Старо Нагоричени и Липково. На манифестацијата на знаењето за основците ќе учествуваат 140 ученика.
Натпреварот ќе се одржи во основновното училиште „Христијан Карпош„ со почеток во 9 часот.
Организатор на манифестацијата е Сојузот на математичари на Македонија.