Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Центарот на североисточен плански регион од Куманово и Центарот за развој од Литија - Република Словенија со заеднички проекти ќе аплицираат пред фондовите на ЕУ „Програма на заедниците“, но ќе разменуваат и искуства во развојот на туризмот во руралните средини.
Очекуваме нашата соработка да продолжи и во понатамошниот период со имплементација на проекти посебно во сферата на трансфер на позитивни искуства за развој на алтернативен туризам и развој на руралните средини.Но, развиваме и политика за подготовка и на проекти од сферата на културата, спортот и развој на младински проекти според европски стандарди" - истакна Младен Протиќ директор на ЦИПР.
Центарот од Литија со финансиска поддршка од Владата на Словенија и од Европските Фондови отпочна со конкретни активности кои се имплементираа во текот на изминатите шест месеци. Со кумановските колеги досега оствариле три посети од кои две посети во нашиот регион на стручните тимови од Центарот за Развој од Словенија и една студиска посета на државни службеници од Општина Куманово и вработените од ЦИПР во април годинава во Регионот Литија - Словенија.
Иницијативата за соработка на двата центри произлегла на Транснационалната конференција што се одржа минатата година во Сараево. Соработката е официјализирана со Меморандум во кој се поставени одредени рамки на делување на двата центри, а најзначаен сегмент е заедничко аплицирање пред фондовите на ЕУ „Програма на заедниците“ .
Центарот на североисточен плански регион од Куманово е првиот регион во државата кој воспостави соработка со Центарот за развој од Литија - Република Словенија.