×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Реконструиран кровот и уреден дворот на Домот за стари лица во Куманово

    21.01.2020 11:19 | KumanovoNews

     Заврши реконструкцијата на кровот и уредувањето на дворот во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ од Куманово, кои со години создаваа проблеми во работата на оваа институција. 

    Реконструиран кровот и уреден дворот на Домот за стари лица во Куманово

    Како што информира директорот Дејан Стојановски, ова се само дел од последните градежни активности кои се направени во изминатиот период, со цела да се подобрат условите за престој на старите лица и да се обезбедат поквалитетни услови за работа на персоналот.

     - Беше предвидено довршување и допокривање на делови од кровната конструкција кои ни останаа од 2018 година, затоа што средства за таа намена имавме на крајот од годината. Завршена е целосната покривната конструкција на домот, покриена е со т.н поцинкуван лим, материјал кој и претходно е користен. Исто така, поставени се и олуци за одводна атмосферска вода, така што веќе немаме проблеми од типот на прокиснување и провирање на вода во внатрешните простории,- вели  Стојановски.

    Тој додава дека паралелно со работата на кровот, се работело и на проширување на пристапните патеки во дворот на домот, поконкретно на проширување на пристапната патека што е до влезот на домот, но и на поврзување на рамките коишто се наменети за инвалидните лица со околните патеки, за да можат сите подоеднакво да го користат уредениот двор.

    - Домот за стари лица има прекрасна локација и прекрасен објект со убава дворна површина во којшто корисниците може, но и треба да се чувствуваат пријатно и да имаат простор каде што ќе можат да излезат и да го поминат своето време, особено во топлите периоди. Можете да забележите дека во зима кога има дури и малку сонце, дека старите лица ја користат секоја прилика за да излезат надвор. Затоа ние му посветивме поголемо внимание на дворот, ги проширивме пристапните патеки, поготово влезот на домот и рампите што се за инвалидни лица за да можат со количка да ја користат урбаната опрема којашто е во дворот на домот. Но, претходно направивме и комплетна реконструкција на урбаната опрема, ги сменивме сите клупи со дрена подлога, направивме голем летниковец, каде навистина сега е пријатно да се престојува,- објаснува директорот.

    Од Домот за стари лица во Куманово се надеваат дека комплетно уредениот двор и разеленетите површини ќе придонесат за поголемо присуство на најмладите во домот, преку држење на практични часови во самиот двор на домот, а со тоа и да се придонесе за подобра социјализација на постарите луѓе.

    Капацитетот на оваа установа е 170 места, а во моментот е целосно исполнет. Иако на почетокот Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово бил наменет само за граѓани од Куманово, Крива Паланка и Кратово, во моментот престојуваат стари лица од сите градови на државата.