Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градоначалникот Зоран Дамјановски, денеска свечено ја пушти во употреба реконструираната спортска сала во дворот на ОУ “Вуќ Караџиќ“ и ОУ “Наим Фрашери“.
Овој објект е изграден во седумдесетите години, а последната деценија децата не ја користеле поради лошите услови.
- Направивме една темелна реконструкција и имаме еден прекрасен објект, каде децата од двете училишта ќе практикуваат рекреативен спорт. Гордост е што го видов овој колорит од младост, бои, етникуми, видов задоволни лица, што значи сме ја погодиле работата. Со вакви проекти Куманово оди напред, вложуваме во образованието, во спортот, во едукацијата на младите луѓе - рече Дамјановски.
Директорите на двете училишта истакнаа дека конечно ќе имаат простор каде да ја реализираат наставата по физичко и ветија дека максимално ќе ја искористат за воншколски активности и проекти.
- Требаше уште пред две години да се направи салата. Јас сум директор прва година тука и ми е задоволство да го отворам овој објект, за кој имавме потреба уште од порано, ама сега веќе е реализирано - изјави Ибраим Ајдини, директор на ОУ“Наим Фрашери“.
Проектот чини 7 милиони денари. Дамјановски рече дека во иднина и училиштето во село Черкезе треба да добие спортска сала.