Мени

Ременски однесе инвалидска количка во кумановско семејство

10.11.2016 16:05 | KumanovoNews

Министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски денеска однесе инвалидска количка во семејство во населбата Карпош.

Ременски однесе инвалидска количка во кумановско семејство

Семејството Спасови, се соочува со големи предизвици во нивното секојдневие, бидејќи имаат дете со посебни потреби и боледува од церебрална парализа.Паричниот додаток не е доволен да ги покрие и основните потреби за негова нега и одгледување, но најголемата пречка за нормално секојдневие е недостатокот од инвалидска количка, поради што користело импровизирана количка.

Инвалидската количка на Спасови им ја донираше Петар Серафимов од Струмица, со посредство на Министерството за труд и социјална политика.