×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ременски: Уште се кршат правата на текстилните работнички

    07.03.2014 12:22 | KumanovoNews

    Потпретседателката на СДСМ Фросина Ременски, синоќа пред сопартијките во Куманово, зборуваше за улогата на жената во политиката, но и за проблемите во здравствената заштита, невработеноста, еманципацијата и дискриминаторски однос на жените во општеството.

    Ременски: Уште се кршат правата на текстилните работнички

    Потсетувајќи на историската улога на Клара Цеткин и движењето за правата на жената во 1909 година, кога во фабрика во Њујорк во голем пожар загинале 140 жени, што било повод наредниот ден на улиците да излезат 15 000 жени со барања за подобрување на условите за работа и право на глас, Ренемски обвини дека кај нас сеуште се кршат правата на текстилните работнички, а државата не презема ништо да ги заштити.  

    Ако владата промовира политики на ниско платена работна сила и непочитување на работничките права на граѓаните, вклучително на жената, тоа зборува за не грижа за условите во кои што работи македонскиот работник. Најголем број од неквалификуваните работнички работат во текстилната индустрија и сведоци сме дека приватниот сектор е надвор од државната контрола за почитување на работничките права. Секојдневно до нас допираат жалбите од текстилните работнички кои кажуваат дека работат повеќе од 12 часа неплатено, во неадекватни услови за дневен оброк и одмор, - рече Ременски.

    Таа истакна СДСМ во својата политичка програма нуди реални политики темелени на сериозни анализи и параметри за остварливост. Пред се подобри услови за работа на жената, креирање на нови работни места, еднакви можности за сите и правична застапенот на жените во политиката.

    СДСМ и во минатото покажа дека ја почитува правичната застапеност на жената во органите на управувањето на партијата. Со последните измени на статутот на СДСМ го зголемивме процентот на учество на жените од 30 на 40 проценти, со тенденција тој процент да се зголемува затоа што знаеме дека жените се вистински потенцијал за промовирање на политиките на СДСМ. Тој процент ќе го запазиме и во креирање на листите на пратеници во наредниот период, со тоа и на дело ќе покажеме дека СДСМ нема да има само бројка жени во парламент, туку како и досега, жени кои активно ќе учествуваат во донесување на вистински законски решенија- нагласи Пеменски.

    Трибината ја организираше Форумот на жени на СДСМ и имаше голем интерес и посетеност.