×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Рестораните подготвени за прослава на Стара нова година

    11.01.2014 10:58 | KumanovoNews

    Во понеделник се слави Нова година по јулијанскиот календар, па повеќето кумановски кафеани и ресторани се подготвени за уште една новогодишна прослава.

    Рестораните подготвени за прослава на Стара нова година

    Со богато мени, неограничено пиење и цена двојно пониски од новогодишната ноќ, сопствениците нудат добра забава со реномирани и локални музичари.

    Менито е богато со вкусна храна комбинирана со традиционални јадења. Ќе има и бакардан со сланина. За гостите пиењето е неограничено, цената е 900 денари, а вечерта ќе настапи кумановската група “Хабанера бенд“ - велат од рестораните Ексклузив и Бастион.

    Во кафеана “Ксмет“ дочекот на Стара нова година чини 800 денари, а гостите ќе ги забавува групата “Млади боеми“. На мени се сезонските салати, топло предјадење, проја и качамак со суво месо, вечера, десерт и неограничено пиење.

    Ресторанот “Прадо“ организира забава со Боби Серафимовски и “На здравје бенд“ за 590 денари.

     Во На-Ма ќе пее Александар Белов, а во Грација Милица Тодоровиќ и Драги Домиќ.

    Во угостителски објекта велат дека повеќето од картите се резервирани, но има и граѓани кои последните два - три дена одлучуваат каде ќе слават.

    Дел од  кафеаните нема да организираат свечена прослава, но велат дека ќе бидат на располагање на гостите кои планираат таа вечер да ги посетат.