×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ресторанот во Пелинце нерентабилен

    24.01.2013 15:42 | KumanovoNews

     Угостителскиот објект во рекреативниот центар Пелинце со кој управува “Куманово - паркинг“ работи непрофитабилно, сметаат советниците од опозицијата, кои се противат локалната самоуправа да го субвенционира неговото работење.

    Ресторанот во Пелинце нерентабилен

    Независниот советник Зоран Петрушевски за големите загуби во работењето ја обвинува локалната власт, која непотребно троши народни пари.

     Фрлате дрвја и камења по ресторанот во Пелинце за да на крај се донесе одлука Општината да го субвенционира неговото работење. Во 60 отсто од случаите, корисник на услугите во ресторанот е Општината за разни собири и настани. Во изборната кампања објектот ќе биде во функција, а вие сега барате решение. Како тоа приватник ќе може  да го изменаџира работењето, а вие не можете? - праша Петрушевски.

    Директорот на “Куманово - паркинг“ Трајко Трајковски, објасни дека за општинската администрација и за учесници на други спортски настани цените на услугите се за третина поевтини.

    Во услови на светска криза кога нема обрт на пари, ние не можеме да оствариме профит, а мораме да обезбедиме вработени за работа во две смени. Треба да се оддржуваат тие простории - изјави Трајковски.

    Советниците ја усвоија програмата за работа на ЈП“Куманово - паркинг“ за годинава исто и извештајот за период од јули до септември лани.