×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Режановце се подготвува за “Празијада“

    08.11.2012 13:30 | KumanovoNews

     Во рамки на манифестацијата “Празијада 2012“ што ќе се одржи во сабота, ќе се дегустираат специјалитети, ќе се избира најголем праз, а во културно-умертничката програма ќе настапи КУД “Панче Пешев“, Нино Величковски и ученици од селото Режановце.

    Режановце се подготвува за “Празијада“

    - Од Умин Дол и Горно Којнаре и пошироко сите се поканети да бидат дел од ова и да видат што ќе се случува во сабота во Режановце. Ние како општина оваа година уште посилно ќе ја поддржиме и финансиски и организационо за да овој културен настан биде посетен. Како што е договорено ќе има гости и од збратимените градови. Секоја година планираме да ја збогатуваме оваа манифестација со нови содржини - изјави Жика Крстевски, раководител на секторот за спорт и култура во Општина Куманово.

    Трајан Димковски, претседател на месна заедница Режановце и на Организациониот одбор рече дека бројот на производители на праз се зголемува,а празот е здрава храна која не се прска со пестициди.

    - Начинот на подготвување и чување на праз можеби помалку е застапен во домовите во град. Сакаме да му дадеме значење, да се задржи традицијата на оваа култура. Не случајно е избрано селото Режановце, бидејќи е центар на регионот каде со декади наназад луѓето живееле од оваа култура. Тоа е поднебје каде празот успева, бара многу работа, бара вода - рече Димковски.

    Од “Еко - гард“ велат дека лани манифестацијата беше успешна, а и годинава ќе се бираат домаќинки кои ќе подготват највкусни јадења, ученици кои напишале најдобри творби,цртале на тема “Ослободувањето на градот“.

    - Ќе има заеднички ручек и заедничка веселба на сите собрани на оваа манифестација. Целта е да го промовираме регионот, да ги вклучиме сите производители кои сакаат да учествуваат , да се поттикне производството на празот, да се види вештината на жените, да се сочуваат обичаите - вели Зоран Бојковски, претседател на “Еко - гард“.

    “Празијадата“ лани за првпат е организирана на иницијатива на месната заедница од селото Режановце, Етно шоп Беба и “Еко - гард“. Манифестацијата почнува во 11 и ќе трае до 14 часот. За граѓаните во 10.30 часот има организиран превоз од пред хотел “Кристал“.