Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Мешани тимови од родители и полициски службеници викендов прошетаа по кумановските улици и кафулиња за да видат каков ноќен живот водат најмладите.
По посетата на повеќе угостителски објекти, Плоштадот, шеталиштето, Соколанскиот парк и училишните дворови, родителите се согласија дека треба повеќе да внимаваат каде излегуваат нивните деца, со кого се дружат и дали употребуваат алкохол или некој друг порок.
Проектот го спроведува Министерството за внатрешни работи со цел да се анимираат и едуцираат родителите за потенцијалните ризици на кои е изложена малолетната популација и доколку е можно да влијаат врз правилниот избор на местото за ноќниот живот .Исто така се промовира да се зголеми квалитетот на односите меѓу полицијата и граѓаните и да се подигне нивото на свест кај родителите за потенцијалните ризици врз малолетниците, како и да се поттикне отворена дискусија помеѓу полицијата и родителите за превенирање на малолетничкото престапништво- изјави Виолета Богдановска од Секторот за превенција.
Проектот „Мешани патроли„ се реализа втора година по ред во Отсекот за превенција заради зајакнување на свеста на родителите за поголемо внимание и комуникација со децата, но и соработка со институциите кои се грижат за безбедноста. Вакви мешани патроли ќе се спроведуваат и во наредниот период а учествуват по 10 родители и полициски службеници.