×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Родителите на деца до 6 години се враќаат на работа

    15.09.2020 07:03 | KumanovoNews

     Бидејќи детските градинки отпочнаа со згрижување на деца, родителите треба да се вратат на своите работни места, одлучи Владата.

    Родителите на деца до 6 години се враќаат на работа

    - Родителите чии деца се до шестгодишна возраст, почнувајќи од 23.9.2020 година (среда), да се вратат на своите работни места и на редовно извршување на работните задачи, имајќи предвид дека детските градинки отпочнаа со активности за згрижување и воспитание на деца од 9.9.2020 година, односно престанува користењето на мерката на Владата по овој основ, - соопштуваат од Владата.

    Владата го задолжи Министерството за труд и социјална политика да испрати писмено укажување до сите детски градинки да продолжат со упис и згрижување на деца, особено на оние деца чии двајца родители се во работен однос, без разлика дали работат од дома или одат на работа.

    Воедно, беше препорачано Министерството за труд и социјална политика да укаже на детските градинки да стапат во контакт со родителите чии деца се запишани, а не се донесени за престој во детските градинки во овој период, за да може да се обезбеди престој и за други деца, доколку има место и за оние кои имаат потреба да ги згрижат децата иако работат од дома.

    Министерството за труд и социјална политика, во соработка со единиците на локалната самоуправа и државните институции, да ги разгледаат можностите и доколку постои слободен неискористен простор истиот да се намени за згрижување на деца од оние детски градинки од подрачјето на општината каде што ќе биде потребно.

    Владата го прифати Предлогот за изменување на Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитание на деца и тоа: воспитните групи за деца до две годишна возраст да имаат максимум по 12 деца и двајца вработени во смена.

    Oд 23 септември треба да се вратат на работа мајките кои беа на продолжено породилно отсуство, како и родителите на деца до 10 години, без разлика дали децата ќе учат онлајн или со физичко присуство.