×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ромите напредувале во вработувањата и образованието

    04.02.2016 10:37 | KumanovoNews

    Ромите за време на Декадата на Ромите напредувале во вработувањата и образованието, беше кажано синоќа на трибината во Куманово организирана од Демократски сили на Ромите.

    Ромите напредувале во вработувањата и образованието

    Лидерот на партијата, Шабан Салиу рече дека од 2006 година па наваму е направено многу за вработување на Ромите во државните институции, што претходно не било случај. Тој вели дека Ромите се лојални граѓани во земјава и како такви бараат реципроцитет од државата.

    Можеше да се сретне некаде одредени вработувања како чистачка или чувар. Кога денеска ќе погледаме каква е состојбата во поглед на вработувањето на Ромите во Република Македонија, не би сакал да создавам лажна илузија, да кажам дека сите проблеми се решени, меѓутоа со одговорност и со сигурност можам да потврдам дека е изменета сликата. Имаме и по вертикално и хоризонтално ниво во целата државна администрација и во одредени министерства повеќе вработувања - изјави Салиу.

    Декадата на Ромите траеше од 2005 до 2015 година и Салиу вели дека не е исполнето целосно зацртаното, а тоа е покрај вработување и образование, да се подобри здравствената заштита и домувањето.

    Претседателот на општинската организација на Демократски сили на Ромите во Куманово, Серџан Сулејмановски кажа дека трибината „Декада на Ромите ден потоа“  е тема на која има многу да се зборува.

    На трибината ќе има и прашања. Кој што сака може да праша, од аспект на интерес на ромската заедница во нашиот град и Република Македонија - рече тој.

    На трибината беше кажано дека за разлика од порано кога бројот на образовани Роми беше мал, сега ромската популација се повеќе се запишува на студии и ги зголемува своите квалификации.